Англискиот првак Манчестер Сити останува без еден од своите најдобри фудбалери, шпанскиот интернационалец Родри, до крајот на сезоната. По денешните медицински прегледи, дојдоа најлошите можни вести за повредата на Родри, која ја заработи на вчерашниот дерби натпреар против Арсенал.
Родри има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и го очекува долга пауза од фудбалските терени. Тој ќе мора да замине на операција, а потоа и да паузира најмалку девет месеци.
Пред само неколку дена Родри се закани дека фудбалерите ќе штрајкуваат поради прегустиот распоред на натпревари кој е голема закана за сериозни повреди за фудбалерите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













