
Стоперот на Челси, Весли Фофана, заработи уште една тешка повреда која ќе го оддалечи од терените неколку месеци.
Од Челси потврдија дека Фофана ќе мора да оди на операција поради тешката повреда на предните вкрстени лигаменти и дека ќе закрепнува неколку месеци. Првите прогнози не се добри, некои извори пишуваат дека Фофана би можел да ја пропушти целата сезона или да се врати дури на крајот на пролетта.
Фофана е едно од најскапите засилувања во историјата на Челси и најскапиот дефанзивец, кој пристигна од Лестер за 80 милиони евра.
Неговото отсуство е огромен удар за Маурисио Покетино, кој и без оваа повреда ќе се обидеше да донесе нов стопер, а сега е принуден да тргне во офанзива на пазарот.
Повреден е и Беноа Бадијашил, но наскоро се враќа, Тијаго Силва е на прагот од 40 години, Тревор Чалоба дури би можел да биде продаден во случај на вистинска понуда.
Затоа стоперската позиција ќе биде апсолутен приоритет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
