
Наполи доживеа елиминација во осминафиналето на Купот на Италија. На домашен терен, „наполитанците“ испуштија предност од 2-1 во финишот од регуларниот дел, мечот отиде во продолженија каде имаа играч повеќе, но Кремонезе издржа се и на крајот славеше по изведување пенали со 4-5.
Кремонезе во четвртфиналето на Купот ќе се сретне со Рома.
Станислав Лоботка беше единствениот кој не успеа да реализира пенал во редовите на Наполи, а максимално успешни беа и фудбалерите на Кремонезе.
Во текот на мечот, Чарлс Пикел го доведе Кремонезе во водство во 18.минута, но Хуан Жесус и Џовани Симеоне направија пресврт до крајот на првото полувреме. Сепак, во 87.минута, Феликс Афена – Џан постигна израмнувачки погодок кој му овозможи на Кремонезе преку продолженија и пенали да направи голема сензација во Купот на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
