Изненадувачка и шокантна вест доаѓа од Шпанија. Селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, нема да го поведе Серхио Рамос на Европското првенство. Изборот го оправдува со бројните повреди на одличниот дефанзивец кој практично и нема настапи во континуитет во 2021 година.
„Ова беше тешка одлука, јас најдобро знам што значи Серхио Рамос како авторитет и фудбалер за шпанската фудбалска репрезентација. Но, тој нема играно натпревари во континуитет подолг период и се мачи со повредите“, изјави Серхио Рамос.
На стоперската позиција сега Луис Енрике го има Ејмерик Лапорт, кој доби можност да настапува за Шпанија иако претходно има настапувано за младите селекции на Франција.
Селекцијата на Шпанија се наоѓа во групата Е заедно со Полска, Словачка и со Шведска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













