Фудбалерот на Блекпул, Џек Даниелс, кој има само 17 години, призна дека е геј во телевизиско интервју за „Скај њуз“. Тој е единствениот активен британски фудбалер кој признал дека е хомосексуалец и вториот во светот што го сторил тоа.
„Со денови размислував како и кога да го направам тоа и чувствувам дека сега е вистинското време. Сакам луѓето да знаат кој сум вистинскиот јас, постојаното лажење не е она што сакам да го правам. Се борев, но сега се чувствувам подготвен да бидам свој и слободен“, рече тој.
Последниот британски професионален фудбалер кој излезе беше Џастин Фашану во 1990 година. Осум години подоцна, како 37-годишен, си го одзел животот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













