Connect with us

Шмајхел: Првпат сум разочаран од Кристијано Роналдо

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел изјави дека е разочаран од однесувањето на Кристијано Роналдо за време на победата од 2-0 над Тотенхем во Премиер – лигата. Според Шмајхел, Роналдо станал негативец на „Олд Трафорд“.


Португалската фудбалска ѕвезда отиде во соблекувалната на неколку минути пред крајот на мечот со Тотенхем, откако беше оставен како неискористена замена од менаџерот Ерик тен Хаг.

„Заминувањето на Кристијано е нешто што не го сакаме во моментов. Требаше да знае дека тоа ќе биде на насловните страници“, изјави Питер Шмајхел за „BBC Radio 5 Live“.

„За првпат можам да кажам дека сум разочаран од него. Јас обично го поддржувам, разбирам во каква ситуација е. Овде се поставува прашањето дека тој е толку голем играч, со толку големо искуство и дали треба да му се дозволи да игра или не? Не знам“, изјави 58-годишниот Шмајхел.

37-годишниот Кристијано Роналдо има 103 гола во Премиер – лигата со Манчестер Јунајтед. Тој започна само два првенствени натпревари оваа сезона, но игра редовно во Лига Европа.

„Го имаме Ерик тен Хаг кој има јасни идеи за начинот на кој сака тимот да игра фудбал. Мора да има разбирање од сите. Не ни треба такво одвраќање, тоа е разочарување“, додаде поранешниот голман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови