
Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата во Првата лига, со 28 бода, пет помалку од лидерот Струга ТЛ. Но, Шкендија не успеа да ја потврди фаворитската улога против Тиквеш во Тетово и ремизираше без голови.
Хамиди ја отвори серијата голови во седмата минута, а Трапановски зголеми на 0-2 седум минути подоцна. Реиналдо Цефас постигна и трет погодок за Шкупи во првиот дел, а уште три тимот од Чаир дополни и во второто полувреме.
Работнички ја победи Македонија ЃП со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Анес Рушевиќ во 26.минута ги доведе „романтичарите“ во водство, а две минути подоцна Мишевски си постигна автогол по нафрлувањето на Арменд Алими од слободен удар.
Шкендија не успеа да стигне до победа против Тиквеш играјќи 0-0.
Скопје со пресврт триумфираше против Академија Пандев со 2-1. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Димитар Митровски во 61.минута донесе водство за „пандевци“, но Бујар Хајдари израмни во 71.минута, а Христијан Димов постигна победнички гол во 84.минута од дуелот.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО
ПОБЕДА – ШКУПИ 0-6
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 0-0
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
