Connect with us

Шкупи со нов тренер гостува во Штип, Шкендија се враќа во Тетово

Македонскиот првак Шкупи денеска (16 часот) ќе гостува во Штип и за првпат ќе се претстави со новиот тренер Гохан Бозкаја, кој го замени Гоце Седлоски на клупата, а претходно ја извршување спортски директор во клубот од Чаир. Сега ќе треба да се снајде и на тренерската позиција, а за прв ривал го има мотивираниот тим на Брегалница, кој го сака скалпот на шампионот.


„Задачата нема да ни биде лесна. Не очекува тежок натпревар со најдобрата екипа во лигата. Шкупи располага со голем број квалитетни играчи кои сега носат дополнителен мотив за три бода по претходниот кикс со Победа. Свесни сме за тежината на средбата, но и подготвени да го дадеме максимумот затоа што тоа им го должиме на нашите навивачи. А, верувам дека ќе имаме силна поддршка од трибините за да дојдеме до позитивен резултат“, изјави голманот на Брегалница, Немања Шчекиќ.

Шкендија ја одработи суспензијата и денеска се враќа во Тетово да биде домаќин против Македонија ЃП.

„Се враќаме во Тетово и тоа ќе биде дополнителна мотивација за нас. Игравме пет натпревари речиси како гости и сега конечно против Македонија ЃП ќе се почувствуваме како домаќини. Се надеваме на триумф и три бода“, изјави Бруно Дита.

Струга Трим Лум е единствениот тим со максимален ефект по пет кола, а ќе се обиде да стигне и до шеста победа на денешното гостување против Академија Пандев.

Скопје бара прв позитивен резултат, а на „Автокоманда“ ќе ја пречека Победа.

Силекс во Кратово ќе го пречека Тиквеш и посакува триумф.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ

СКОПЈЕ – ПОБЕДА

СИЛЕКС – ТИКВЕШ

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови