Поранешниот офанзивец на Динамо Загреб, Мол Фехервар, Кашимпаша, Армин Хоџиќ, кој досега го носеше дресот на Железничар, треба да биде новото засилување за македонскиот прволигаш Шкупи.
По несогласувањата со Сандеј Адетунџи, Шкупи остана без квалитетно решение во навалната линија, па раководството на клубот мораше да реагира.
Во пресрет на стартот на новиот шампионат на Македонија, Шкупи сака да се засили со Армин Хоџиќ и да ја зголеми конкуренцијата во нападот на тимот што го предводи Чихат Арслан.
Шкупи утре го игра реванш мечот против Левски во Конференциската лига. Првиот дуел во Скопје го загуби со 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













