Македонскиот прволигаш Шкупи на еден ден пред почетокот на новиот шампионат ги објави имињата на новите фудбалери. Меѓу нив најзвучно е името на Канда Јумеми, јапонскиот интернационалец кој е офанзивен играч за врска. Јумеми, кој има 29 години, има завидно искуство од јапонското првенство, а има настапувано и за тимот на Ренџерс во Хонг Конг.
Повратник е Демир Имери, кој по неколку сезони како интернационалец се враќа во Македонија, каде претходно настапуваше и за Влазрими, Турново, Шкендија, Работнички и Ренова.
Нови фудбалери на Шкупи се и Сенегалецот Ел Хаџи Гуеје, потоа Џелил Асани, Кристијан Блажевски, Емир Асани, Флоријан Кадриу, Георг Стојановски, Нуман Ајетовиќ, и голманот Амар Мелиќи.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












