Шкупи продолжува со активностите на трансфер пазарот и го претстави најновото засилување – голманот Иван Николоски.
Младиот 22-годишен чувар на мрежата пристигнува во редовите на чаирчани со солидно меѓународно искуство, како поранешен репрезентативец на Македонија до 21 година.
Интересен е фактот што Иван е син на поранешниот голман на македонската А-репрезентација, Јане Николоски, а од клубот веруваат дека новото име ќе донесе стабилност и квалитет под рамките.
Во својата досегашна кариера, Николоски ги бранеше боите на неколку екипи, меѓу кои се албанскиот Поградец, како и македонските Победа, Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички и Дрита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













