
Наместо празник на детскиот фудбал, денешниот дуел во Штип меѓу пионерите на Брегалница и Шкупи прерасна во вистински инцидент. Натпреварот од првото коло на пионерската лига беше прекинат откако дел од родителите на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа неколку играчи на домашниот тим.
Она што требаше да биде арена за докажување на младите таленти, се претвори во сцена на насилство, при што најголеми жртви беа токму младите фудбалери на Брегалница.
По инцидентот, ФК Шкупи веднаш реагираше и излезе со официјално соопштение, кое го пренесуваме во целост:
„Шкупи преку ова соопштение сака да ја информира јавноста дека целосно се оградува од неспортските настани кои се случија во Штип, за време на натпревар на пионерите на Брегалница и Шкупи. Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации, туку терен каде се судираат таленти, тактики…
Како клуб со долга традиција и историја во Македонија, Шкупи апелира оваа ситуација да се надмине и вакви инциденти да не се повторат во иднина. Духот на фер-плеј и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над сè друго.
Истовремено, апелираме до сите надлежни органи да преземат неопходни дејства врз основа на материјали и факти, со што сите лица вклучени во овој инцидент да се соочат со законот и да одговараат.
Шкупи останува посветен на негувањето на спортскиот дух, почит и здрави вредности кои фудбалот треба да ги претставува. Со почит, Флорим Муча – извршен директор на Шкупи“, стои во објавата на клубот од Чаир.
Двајцата младинци на Брегалница, кои биле физички нападнати, со повреди веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана соодветна лекарска помош, a полицијата брзо интервенирала на лице место и го привела главниот напаѓач, против кого ќе биде поднесена кривична пријава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
