
Шкупи и Работнички се во трка за четвртото место на табелата кое би можело да води во Лигата на Европа, доколку Академија Пандев го освои трофејот во Купот на Македонија. Токму против „пандевци“, фудбалерите на Шкупи посакуваат триумф на денешниот дуел на Чаир.
„Ќе дадеме се од себе на мечот против Академија Пандев пред нашите навивачи да дојдеме до победата. Наша цел е да стигнеме до четвртото место на табелата“ – вели Ергин Абдул, најавувајќи атака на победа.
Работнички ќе игра на домашен терен против последнопласираниот тим Победа. Можеби и однапред е испланирана победа, но треба и да се одработи на теренот.
„Го заборавивме поразот од Силекс и фокусирани сме на мечот со Победа. Би било добро експресно да се вратиме на победнички колосек“, истакнува шефот на стручниот штаб на Работнички, Баже Лазаревски.
Шкендија и гостува на Беласица, а Вардар ќе биде гостин во Ѓорче Петров. Во Тетово, силите ќе ги одмерат Ренова и Силекс.
ПМФЛ – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
