
Шкупи прокоцка одлична можност да дојде до победа во првиот меч од 1. квалификациско коло за Лига Европа, ремизирајќи на крајот 3-3 (1-2) на гостувањето против Пјуник во Ереван.
Чаирчани до 80. минута имаа предност и од 1-3 на мечот, но дозволија домашните со два гола во финишот да избегнат пораз.
Пјуник дојде до предност со голот на Вардаријан од пенал уште во 4. минута. Но, Шкупи израмни со голот на капитенот Мухарем Бајрами директно од слободен удар израмни во 26. минута. Македонскиот состав дојде до предност од 1-2 во 43. минута со голот на Дарко Илиески…
Во второто полувреме, повторно Бајрами погоди директно од слободен удар, од околу 30 метри.
Но, Ерменците со погодоците на Жестоков во 80. минута и Манучарјан во 85. минута дојдоа до конечните 3-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
