Connect with us

Шкупи реагира: Зошто Град Скопје не додели финансиска помош и за нас?!

Македонскиот прволигаш Шкупи реагира на одлуката на Град Скопје да додели парична помош како поддршка само на одредени клубови од градот. Клубот од Чаир смета дека во последните неколку години го претставува градот Скопје на европска сцена и поради тоа заслужува да биде дел од распределбата на финансиските средства.

Во соопштението на Шкупи се вели:

„Ја добивме веста дека Градот Скопје нуди финансиска помош за фудбалските клубови во Скопје и оваа вест ја примивме со големо задоволство и го цениме фактот што Град Скопје ги помага и поддржува клубовите кои го претставуваат градот, придонесувајќи за културниот развој.

Но, она што нѐ загрижи и не ни е јасно е фактот дека ФК Шкупи е тимот кој во последните пет години најдобро го претставува градот во европските натпреварувања. И покрај тоа што сме клуб кој ја претставува државата, а не само градот, изненадени сме зошто Градот Скопје не виде соодветно да одвои финансиски средства за нашиот клуб.

Прашуваме дали тие што ја донеле оваа одлука не го гледаат ФК Шкупи како дел од градот Скопје или како фудбалски клуб на Северна Македонија?

Ваквиот однос на Град Скопје кон граѓаните на Чаир и воопшто кон нашиот клуб го сметаме за многу дискриминаторски.

Можеби ФК Шкупи нема политичка поддршка, но сите треба да знаат дека ФК Шкупи никогаш не се откажува од своите цели и е клуб кој може да опстане сам. Сепак, сакаме да им порачаме на оние кои ја донеле оваа одлука дека треба што поскоро да ги поправат своите грешки. Оваа дискриминација носи само штета за сите и никаква корист. Сите вклучени во оваа одлука се одговорни за оваа дискриминација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови