Македонскиот прволигаш Шкупи остана без шефот на стручниот штаб Умит Каран. Од клубот од Чаир велат дека не се остварени зацртаните цели од стартот на сезоната, иако Шкупи се наоѓа на второто место со шест бода негатива во однос на лидерот Шкендија.
„Шкупи го раскина договорот со Умит Каран. Ја почнавме сезоната со големи амбиции, а второто место по завршувањето на есенската полуетапа не е тоа што го посакувавме. Амбициите и целите на клубот се поголеми и поради тоа одлучивме да ни се разделат патиштата со Умит Каран. Раководството на клубот сега ќе се фокусира кон ангажман на нов шеф на стручниот штаб и откако ќе биде пронајден нов тренер, името ќе биде обеледенето во јавноста. Клубот му се заблагодарува на Умит Каран за напорната и коректна работа и му посакува се најдобро во кариерата“, се вели во соопштението на ФК Шкупи објавено на официјалниот клупски сајт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













