
Експедицијата на Шкупи тренира напорно во Анталија, денеска ќе одигра нов пријателски меч против Нефчи Баку, а во меѓувреме управата на скопскиот прволигаш официјализираше пристигнување на тројца нови фудбалери, но и заминување на бразилскиот голман Тулио.
Доскорешниот дефанзивец на Македонија ЃП, Бразилецот Нето, е нов член на Шкупи и ќе дебитира за тимот на Ќатип Османи на денешниот дуел со Нефчи. Овој фудбалер беше стандарден во таборот на „лавовите“, но клубот од Чаир успеа да го убеди да му се приклучи за вториот дел од сезоната.
Шкупи го официјализираше и договорот со 22-годишниот голман Филип Лазаревски, кој веќе се приклучи на подготовките на скопскиот прволигаш во Анталија. Станува збор за чувар на мрежата што ја почна кариерата во Металург, по што настапуваше за Еуромилк, Борец Велес и за Кораби. Лазаревски го зазема местото во тимот на бразилскиот голман Тулио, со кого беше раскинат договорот.
Воедно, Шкупи потпиша двогодишен договор и со Рамин Али, членот на младинската екипа на Шкендија и на У18 репрезентацијата на Македонија, кој беше на проба и со својот потенцијал и прикажаното на тренинзите го убеди стручниот штаб да му даде шанса и да потпише договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
