Connect with us

Шкупи подобар од Работнички, победи и Струга ТЛ, ама не и Шкендија

Шкупи ја доби пресметката на Чаир против Работнички и победи со 3-2. Во еден возбудлив дуел, Шкупи поведе со 2-0, со гловите на Абдул Руатубјаје во 21.минута и на Емануел Гронер во 29.минута. Сепак, Работнички возврати преку Ермедин Адем во 35.минута, а потоа Марселин Гандо Биала израмни на 2-2 во 71.минута.

Триумфот за Шкупи го донесе стоперот Абдул Руатубјаје со својот втор гол, откако стрелаше со глава по корнерот од левата страна, во 84.минута.


Шампионот Струга Трим Лум во третиот обид конечно успеа да ја совлада Брера. Стружани победија со 3-1. Бесарт Ибраими од пенал го отвори резултатот во 32.минута, а шест минути подоцна Агрон Руфати си постигна автогол. Валентин Згуро во 60.минута зголеми на 3-0, а единствениот гол за Брера беше дело на Ивковиќ во 85.минута

Шкендија во Тетово заглави против Воска Спорт. Тимот на Јетон Беќири едноставно не може да реализира и тоа очигледно е голема болка кај тетовци во овој момент. Херој на Воска беше Костадин Захов, екс-голманот на Шкендија, кој во 80.минута му одбрани пенал на Ералдо Чинари.

Вардар успеа да остане непоразен на гостувањето во Гостивар играјќи 0-0. Тоа е голем бод за вардарци во битката за опстанок. Гостиварци не беа задоволни од бодот, а најголема нервоза покажа Ланре Кехинде, кој доби црвен картон по завршувањето на мечот.

Тиквеш ја пречека Брегалница и стигна до нов успех, славејќи со 2-1. Соломон Канформ во седмата минута погоди за водство на гостите, но Робертињо Нето израмни во 29.минута. Христијан Малески во 69.минута постигна победнички гол за Тиквеш.

Силекс ја совлада Македонија ЃП со 1-0. Тоа е прв триумф на кратовци под раководство на новиот тренер Александар Васоски. Стрелец на единствениот гол беше Дарко Анѓелески во 17.минута од мечот.

Со ова 23.коло, почна третиот круг од првенството во Првата фудбалска лига.

ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3-2
ШКЕНДИЈА – ВОСКА 0-0
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 3-1
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
ГОСТИВАР – ВАРДАР 0-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови