
Македонскиот прволигаш Шкупи од вечерва се сели во Анталија. Тимот од Чаир прв од сите прволигаши стартува со втората фаза од подготовките. Ќе се пресели во многу потоплата Турција каде ќе има одлични услови за работа и ќе одигра три меѓународни тест – средби. Таму тимот го очекува и новиот тренер Хасан Озер.
Од Шкупи информираат дека сите фудбалери и членови на експедицијата добиле негативни тестови на Ковид-19 и вечерва тимот ќе отпатува за Анталија. Ќе остане до 4. февруари и ќе одигра три меѓународни натпревари. На 26. јануари Шкупи ќе тестира со вториот тим на Зенит, два дена подоцна ќе игра против Ахмат Грозни, а за 31. јануари е закажан тестот против Лвов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
