
Шкупи ќе биде сериозно ослабен за првиот натпревар против Пјуник во квалификациите за Лигата на Европа, откако тројца фудбалери на македонскиот прволигаш заработија повреди за време на подготовките во Турција и сигурно ќе го пропуштат првиот меч во Ерменија.
Голманот Енес Азизи се повреди на еден од тренинзите, потоа Каран остана и без помошта на Бесир Исени, кој заработи повреда на пријателскиот меч со Марибор, а на вчерашниот дуел со Политехника тешка повреда заработи Бесир Рамадани.
Од Шкупи објавија дека тројцата фудбалери предвреме ќе се вратат во Скопје за да стартуваат со рехабилитациска програма. Останува надежта дека Исени и Азизи ќе можат да настапат барем на реваншот против Пјуник, додека паузата на Рамадани од терените ќе биде нешто подолга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
