Изненадувачки пресврт се случи во врска со натпреварот меѓу Вилјареал и Барселона, кој требаше да се одигра на 20 декември во Мајами, САД. Ситуацијата целосно се промени и сега мечот ќе мора да се игра во Шпанија.
Одржувањето на овој првенствен натпревар надвор од границите на Шпанија ќе беше преседан, за кој челниците на лигата и раководствата на клубовите инсистираа, имајќи ги предвид финансиските придобивки. Иако имаше согласност од УЕФА, недостасуваше одобрение од ФИФА. Сепак, во последен момент стигна веста дека мечот нема да се одигра во Мајами. Причината е тоа што организаторот, компанијата „Релевент“, ангажирана од Ла Лига, немала доволно време за да ги среди сите потребни детали.
„Релевент ја информираше Ла Лига дека е неопходно да се одложи натпреварот меѓу Вилјареал и Барселона во Мајами на 20 декември. Имајќи ја предвид несигурноста во Шпанија, нема доволно време за правилна организација на настан од ваков ранг. Би било неодговорно да почнеме со продажба на билети без натпреварот официјално да е потврден“, соопшти компанијата, која е основана и во сопственост на Стивен М. Рос, сопственик на тимот од американскиот фудбал, Мајами Делфинс.
Додека организаторот зборуваше за потреба од одложување, Ла Лига објави дека настанот всушност е откажан „поради неодамнешната несигурност во Шпанија“.
„Ла Лига длабоко жали што овој проект, кој претставуваше историска и уникатна можност за интернационализација на шпанскиот фудбал, не може да продолжи. Организирањето официјален натпревар надвор од границите на земјата ќе беше решителен чекор во глобалното проширување на нашето натпреварување, зајакнувајќи го меѓународното присуство на клубовите, фудбалерите и брендот на шпанскиот фудбал на стратегиски пазар како оној во САД“, стои во соопштението на лигата.
Во последното коло од шампионатот, фудбалерите протестираа против планот овој натпревар да се одигра преку океанот – тие одбија да играат во првите 15 секунди по почетниот свиреж. Како одговор, Ла Лига побара од телевизиите да не ги емитуваат тие први 15 секунди!
Во центарот на случувањата се најде и Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, клубот кој најмногу инсистираше натпреварот да се одигра во САД. Соочен со отпорот на Реал Мадрид, кој поднесе жалба до ФИФА за да го спречи проектот Барселона – Вилјареал, Лапорта одговори иронично:
„Реал Мадрид може да зборува што сака и да прави што сака, но јас сум претседател на Барселона и ќе одиме да играме во Мајами на 20 декември.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













