Connect with us

Шкупи остана без стоперот Руатубјаје

Македонскиот прволигаш Шкупи се раздели со стоперот Абдул Руатубјаје. Разделбата е објавена веднаш по поразот на тимот од Чаир во Кратово против Силекс (2-1).

Руатубјаје беше едно од најдобрите странски засилувања во Македонија, но очигледно дека не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Шкупи за понатамошна соработка.

Клубот му порача на Руатубјаје дека за него вратите на Чаир се отворени откако ќе реши да ја заврши кариерата, можеби за некоја друга функција во Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови