
Македонскиот прволигаш Шкупи официјално ја прекина соработката со Ернест Ѓока. По две кола без победа на стартот на новата сезона во Првата лига и само еден освоен бод, Шкупи одлучи да го раскине договорот со албанскиот стратег.
„Раководството на ФК Шкупи ја објавува одлуката да се раздели со тренерот Ернест Ѓока. По важен период на соработка, двете страни решија да го затворат ова поглавје со целосно разбирање. Клубот изразува благодарност за придонесот на Ѓока и му посакува успех во понатамошната кариера. Во меѓувреме, клубот е веќе посветен на остварување на своите амбициозни цели. Со богата историја и широка база на посветени навивачи, ФК Шкупи има за цел да го задржи позитивниот моментум и да се искачи уште повисоко на фудбалската сцена“, објавија од Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal