Connect with us

Шкупи обезбеди „кралски“ спонзор од Дубаи

Шкупи објави официјализирање на соработката со „Ројал Бизнис Концил“ – која која велат е влијателна институција која делува под директна заштита и поддршка на кралските семејства од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати.

Новиот партнер, претставен преку д-р Сулејман Ташчи – претседател на „Ројал Бизнис Концил“, не доаѓа само со финансиска поддршка, туку со јасна визија за трансформација на клубот во регионален центар за спорт и образование. Тој подвлече дека се работи за повеќедимензионален проект, инспириран од европски и светски модели, со цел да се изгради платформа што ќе го поврзе Скопје со Дубаи, Абу Даби, Доха и Ријад, се вели во соопштението од Шкупи.

„Не станува збор само за спонзорство – туку за стратешки проект со цел развој на млади таленти и спортска дипломатија. Шкупи ќе биде централната точка на овој проект на Балканот, со целосна поддршка од нашата институција и од останати инвеститори од Заливот“, истакна Ташчи.

Според најавите, клубот би добил професионална академија во Скопје, соработка со универзитети и академии од ОАЕ, Катар и Саудиска Арабија, партнерство со елитни клубови од Блискиот Исток и Европа и поддршка за 100-годишнината на клубот во 2027 година. Претседателот на Шкупи, Јасин Коњали, подвлече дека овој договор означува влез на клубот во една нова етапа на професионализам и меѓународна интеграција.

„Ние градиме мост меѓу Скопје и Дубаи, меѓу Балканот и арапскиот свет. Ова е патот што ќе ги поведе нашите млади кон големи сцени“, изјави Коњали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови