Македонскиот вицепрвак Шкупи вечерва (20 часот) во Приштина, на стадионот „Фадиљ Вокри“ ќе го игра реваншот против Лапи во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски има два гола предност (2-0) од првиот дуел во Скопје, но тој најавува дека Шкупи ќе атакува на триумф и на реваншот.
„Подготвени сме за надигрување, воопшто не размислуваме дека имаме предност и треба да ја браниме, да бидеме внимателни. Напротив, ќе истрчаме со мисла да оствариме уште еден триумф во двомечот со Лапи. Го респектираме ривалот, но исто така и веруваме во нашите способности. Работевме напорно, посочив и каде имаше грешки на првиот натпревар и очекувам тимот да одигра уште поквалитетно на денешниот меч“, изјави Гоце Седлоски.
Кире Маркоски и Абдул Раутубјаје беа стрелци на головите за Шкупи на првиот натпревар против Лапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













