Connect with us

Шкупи ја напаѓа Битола, Шкендија ќе лечи рани во Штип

Шкупи оствари триумф над Македонија ЃП во минатото коло и зеде залет за денешното гостување под „Тумбе кафе“. Пелистер има два порази на стартот, но, сепак, новото засилување на тимот од Чаир, Марјан Радески, вели дека Шкупи има максимелн респект за ривалот. Сепак, ќе се обиде да ги освои трите бода.


„Имаме максимален респект за Пелистер. Но, Шкупи има врвни амбиции и ќе атакува на победа на секој натпревар. Подготвени сме за надигрување и се надевме дека ќе успееме да ги освои трите бода“, вели Радески.

Шкендија очајно влезе во новото првенство. По лошите настапи на европска сцена, сликата е речиси идентична и во македонскиот шампионат. Тимот што го презеде Бруно Акраповиќ го загуби тетовското дерби од Ренова.

Денеска Шкендија сака да лечи рани во Штип, но таму ја очекува мотивираниот тим на Брегалница и жешка атмосфера.


Работнички на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Струга Трим Лум, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров е домаќин на Скопје. Во Кавадарци, Тиквеш ќе го нагости тимот на Академија Пандев, а Ренов ќе игра против Борец во Тетово.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО


ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (17 Ч.)


БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ


СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ


ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ


КАВАДАРЦИ: ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ


ТЕТОВО: РЕНОВА – БОРЕЦ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови