
Лидерот Струга ТЛ заврши голема работа со триумфот (1-2) против Силекс во Кратово. Тимот на Срѓан Захариевски сега е многу блиску до есенската титула, но Шкупи и Шкендија секако нема да се откажат од трката за шампионскиот трофеј.
Актуелниот првак Шкупи денеска ќе гостува во Прилеп против Победа која има сопствени проблеми, но, сигурно ќе сака да го земе скалпот на тимот од Чаир. Ќе ја има и публиката како голем ветар во грб на денешната пресметка.
Шкендија во Тетово го пречекува Тиквеш и сака три бода. Составот на Ќатип Османи се надева дека ќе ја намали бодовната негатива во однос на стружани.
Интересен ќе биде и скопскиот дуел меѓу Работнички и Македонија ЃП кој ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тренерот Милан Илиевски пред да биде назначен за шеф на стручниот штаб на Работнички работеше токму кај „лавовите“.
Скопје на „Автокоманда“ го пречекува тимот на Академија Пандев. „Пиратите“ имаат само една победа во досегашниот тек од шампионатот, а и Академија Пандев има лош есенски дел. Тоа е можност за поправен и за двете екипи.
Вчера, Струга ТЛ славеше против Силекс во Кратово со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО (13 ЧАСОТ)
ПОБЕДА – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ВЧЕРА: СИЛЕКС – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
