Нема голови на дуелот меѓу Шкупи и Динамо Загреб, по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во реванш мечот од второто коло во Лигата на шампионите. Но, се играше активно и шанси имаше пред двата гола.
Бруно Петковиќ во 45.минута ја имаше најубавата шанса за Динамо Загреб во првиот дел. Напаѓачот излезе сам пред голманот Наумовски, но се одлучи на дриблинг, и на крајот одбраната на Шкупи интервенираше. Претходно, Петковиќ не ја зафати топката со глава во 18.минута, а шанса имаше и Иванушец. Сепак, не се тресеше мрежата на Шкупи.
И македонскиот првак имаше свои добри моменти. Валид Хамиди шутираше во 15.минута директно во Ливаковиќ, а Џелил Абдула со глава испрати пут над голот.
Шкупи опасно се закани во 41.минута, кога Реналдо Цефас побегна по десната страна, шутираше силно, но за малку не погоди во спротивниот агол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski