
Рон Број не е повеќе фудбалер на Шкупи откако по завршувањето на меѓусебниот договор со крајот на сезоната двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
„Им благодарам на сите во Шкупи и неговите навивачи за можноста да играм во овој клуб во кој минав прекрасни две години. Секогаш Шкупи и навивачите ќе бидат во моето срце“ – вели Броја по разделбата со чаирчани.
Изминатава сезона фудбалерот од средниот ред запиша 29 настапи за Шкупи притоа со еден гол и две асистенции.
Од друга страна договорот го продолжи Турчинот со британско државјанство Берат Устабаши, кој беше еден од најдобрите во тимот низ последните натпревари кога се одлучуваше европскиот излез.
Чаирчани од денеска се на подготовки во турски Болу каде ќе престојуваат до 10. јули. Најверојатно и патувањето во Ереван за мечот против Пјуник ќе биде директно од Турција. Во Турција ќе бидат одиграни и неколку силни пријателски натпревари, а досега е потврдена единствено средбата со романската Политехника Јаши на 4. јули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
