
Македонскиот прволигаш Шкупи го засили нападот и со Емануел Ерик Гронер (22), талентиран норвешки напаѓач, кој досега настапуваше за Согндал од Норвешка. Тој стави потпис на верност до јуни 2026 година.
Гронер е брз, силен во воздушните дуели и игра на ценгралната позиција во нападот. Во кариерата има играно и за екипите на Валеренга, Лин, Кјелсас, Баерум, Согндал, Јерв.
„Одбрав да потпишам за ФК Шкупи бидејќи тоа е клуб со големи амбиции и игра фудбал кој одлично ми одговара. Кога ја добив понудата, тоа беше лесен избор. Доаѓам во врвен тим во македонската лига кој се бори за титулата во лигата и редовно учествува во европските натпреварувања. Добро бев примен од сите играчи, персоналот, тренерите и претседателот, многу сум благодарен за тоа. Се чувствувам како да доаѓам во група која се држи заедно и има исти цели. Секако тоа е нов живот, во нов град, јазик и нов клуб на кој треба да се навикнам, но веќе многу уживам. Ќе направам сѐ што е во моја моќ да се борам за тимот“, изјави Емануел Ерик Гронер.
Норвежанецот ќе му биде на располагање на тренерот Младен Жижовиќ за следните натпревари на подготовките во Анталија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кевин де Бруин потпиша за Наполи

Евро-фудбал
Родриго останува во Реал Мадрид
