
Шкупи го совлада Вардар со 2-0 во градското дерби кое се одигра на комплексот на ФФМ. Тимот на Хасан Озер беше подобар ривал и славеше со головите на Региналдо во 28.минута и на Филип Глигоров во 65.минута од дуелот. Посебно убав беше вториот погодок за Шкупи на Глигоров. Тој распали од 25 метри со левата нога и погоди во горниот агол од голот на Филип Илиќ.
Вардар имаше шанса преку Мирчевски, но крилниот напаѓач шутираше непрецизно.
Шкендија едвај го скрши отпорот на Пелистер и го совлада во Тетово со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Валмир Нафиу во 88.минута. Тој се снајде одлично по центаршутот од левата страна, одбраната на гостите ја пропушти топката, а тој шутираше под гостинскиот голман.

Силекс ја совлада Македонија ЃП во Ѓорче Петров со 0-3. Дејан Тантуровски во 42.минута донесе водство за кратовци, Ивановски зголеми на 0-2 во 77.минута, а Македонија ЃП која играше и со фудбалер помалку на крајот доживеа убедлив пораз, а точка стави повторно Тантуровски.
Борец ја совлада Беласица со 1-0, со голот на Еди Баша во 55.минута од дуелот. Тоа се многу важни три бода за тимот на Борче Христов.
Струга Трим Лум и Ренова ремизираа без голови. Гостите од 42.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Арбен Тафа.
Вчера, Академија Пандев славеше против Работнички со 0-2 на арената „Тодор Проески“.
ПРВА ЛИГА, 23 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
ШКУПИ – ВАРДАР 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-3
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 1-0
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 0-0
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
