
Една година подоцна, Шкупи се враќа на Чаир и повторно ќе игра против Борец. Тимот на Гоце Седлоски се надева дека по конечното враќање дома ќе се чувствува покомфорно, а и секако ќе ја има големата поддршка од фановите. Тоа треба да придонесе и за многу подобри игри и она што сите го очекуваат, победи.
Тренерот Гоце Седлоски не го крие задоволството што Шкупи конечно ќе заигра на Чаир.
„По подолго време се враќаме дома, се враќаме на нашиот стадион на Чаир. Многу сум среќен што конечно ќе играме дома, пред нашите навивачи. Ги повикувам да се направи една убава спортска атмосфера и заедно да дојдеме до трите бода. Максимално се подготвувавме за дуелот со Борец. Велешани мора да се респектираат, имаат добар тим“ изјави Гоце Седлоски.
Шкендија во ова коло ќе гостува на „Автокоманда“ и ќе ги одмери силите со Скопје. Одамна составот на Бруно Акраповиќ нема веќе „џокери“ за користење, едноставно нема право на грешка, затоа што пропушти и премногу бодови на почетокот на сезоната. Но, и нема да биде лесно да се освојат бодови против Скопје на Автокоманда.
Возбудливо ќе биде и во Штип, каде Брегалница ќе го пречека познаникот од второлигашките битки, тимот на Тиквеш. Кавадарчани направија промена на тренерската позиција, сега Влатко Костов е предводникот, иако на денешниот меч и нема да биде на клупата.
Македонија ЃП и Работнички ќе имаат нова интересна пресметка во Ѓорче Петров, а во Тетово, Ренова ќе го пречека тимот на Струга Трим Лум. Пелистер во Битола ќе биде домаќин на лидерот Академија Пандев.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО (15 ЧАСОТ)
Чаир: ШКУПИ – БОРЕЦ
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Автокоманда: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
