Connect with us

Шкупи доведе напаѓач кој бил дел од Евертон, Милвол и Стразбур

Македонскиот прволигаш Шкупи доведе звучно засилување во нападот. Нов член на клубот од Чаир е Магаи Геје, кој има искуство и од Премиер – лигата, како и Лига 1. Тој во кариерата бил член на Евертон, Милвол и на францускиот Стразбур. Сепак, може да се забележи дека од 2022 година тој нема клуб и последен пат играл за Анагениси, грчки второлигаш.

Магаи ја започна својата професионална кариера во францускиот Стразбур, по што замина во Премиер – лигата каде настапуваше за Евертон и стекна значајно искуство во елитниот англиски фудбал. Подоцна играше и за Милвол во Чемпионшип, како и кратко време за Брест во Франција.

Во новата сезона ќе биде адут во нападот на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови