Connect with us

Школата „Форца“ станува филијала на Црвена Звезда

Една од најдобрите фудбалски школи во Македонија, Форца, станува филијала на поранешниот европски првак, Црвена Звезда. Познатиот македонски ас Јовче Џипунов, кој е сопственик на школата, ја официјализираше соработка со младинската фудбалска школа на Ц. Звезда од Белград и во следните четири години најголемите таленти од „Форца“ ќе имаат можноста да заминат во Црвена Звезда, а тренерите ќе добијат дополнителна можност за едукација во Белград.


На склучувањето на соработката во Скопје присуствуваа Никола Јелиќ, главен тренер и координатор на младинската школа на Црвена Звезда, како и Срѓан Кариќ, главен скаут на школата.

Во Скопје во иднина ќе се организира и фудбалски камп на Црвена Звезда кој ќе биде во организација на Форца.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови