Актуелниот првак Шкендија оствари лесна и убедлива победа (3-0) на домашен терен против Борец. Љупчо Дориев во петтата минута донесе предност, Синдрит Гури од пенал зголеми на 2-0 во 12.минута, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 39.минута.

Брегалница ја победи Струга ТЛ со 1-0. Творец на триумфот беше Марјан Алтипармаковски кој уште во петтата минута го постигна победничкиот погодок.

Македонија ЃП извлече бод во Ѓорче Петров против Ренова играјќи 1-1. Ермедин Адем од пенал стрелаше во 87.минута за израмнување откако Виктор Серафимовски донесе предност за „гипсарите“ во 56.минута.

Скопје и Академија Пандев ремизираа без голови на Автокоманда, а Христијан Кировски во 63.минута ја имаше најубавата шанса на мечот, но не успеа да донесе водство за домаќинот.

Во Битола, Пелистер и Тиквеш исто така многу повеќе внимаваа на својата мрежа и не постигнаа гол.
Утре колото го заокружуваат Шкупи и Работнички во дерби – мечот на Чаир.
ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 3-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 1-1
СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
УТРЕ: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












