
Актуелниот првак Шкендија не успеа да освои три бода на гостувањето во Ѓорче Петров, откако ремизираше без голови против Македонија ЃП. Шкендија беше за нијанса подобар ривал, но тоа не го валоризираше иако имаше можности преку Марјан Радески и Стенио Жуниор.
Борец оствари значајна победа против Академија Пандев славејќи со 1-0. Никола Прелчец беше стрелец за велешани во 80.минута за три големи бода против една од најдобрите екипи во шампионатот.
Силекс го совлада составот на Струга Трим Лум со 1-0. Стрелец на голот беше Иван Ивановски во 64.минута.
Ренова и Шкупи ремизираа 2-2. „Гипсарите“ двапати имаа водство, преку Фисник Зука и Ненад Мишковски, а Шкупи израмнуваше со головите на Марин Јурина и на Фатјон Јусуфи, кој донесе реми во 90.минута.
Вчера, Вардар славеше против Работнички со 0-2.
ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-0
СИЛЕКС – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0
БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
РЕНОВА – ШКУПИ 2-2
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2
Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија ЃП 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга ТЛ 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Евро-фудбал
Квартет на Челси се враќа во ритам

Евро-фудбал
Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија

Евро-фудбал
Мбапе го пропушта мечот против Баерн во ЛШ?

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)
