Македонскиот првак Шкендија ја одработи последната контролна средба пред почетокот на настапот во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА со позитивен резултат. На пријателскиот натпревар одигран попладнево на Градскиот стадион во Тетово, Шкендија со 2-1 го совлада албанскиот претставник Динамо Сити од Тирана.
Домашниот тим прв го отвори резултатот благодарение на погодокот на Красниќи во 31. минута, но гостите возвратија и успеаја да израмнат пред крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме, Шкендија беше поофанзивна и доминантна. Во 62. минута добија пенал, но не го искористија. Сепак, само пет минути подоцна, Јакупи погоди за ново водство и конечни 2-1.
Шкендија за една недела го игра првиот натпревар против велшкиот ТНС во квалификациите за ЛШ, каде ќе се обиде да обезбеди пласман во следната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













