Connect with us

Шкендија со предност оди во Букурешт: Алхасан ја закова топката во мрежата на ФЦСБ (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Шкендија направи голем чекор кон европска сензација, совладувајќи го романскиот великан ФЦСБ со 1-0 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Сега тетовци ќе патуваат во Букурешт со надеж за историски пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски клуб во овој формат. Успехот таму би значел и сигурна европска есен.

Шкендија прикажа одлична игра пред околу 7.000 гледачи и сосема заслужено се израдува на големата победа. Натпреварот беше исполнет со возбудувања – покрај голот на Вебстер, видовме бројни интервенции на голманите и два црвени картони.

Натпреварот започна со силен притисок од страна на Шкендија, која уште во првите пет минути преку Ибраими и Тамба имаше добри шанси, но голманот Тарновану успешно интервенираше. Тамба повторно се најде во голема шанса во 32. минута, но пак без реализација. ФЦСБ првата закана ја создаде дури во 36. минута, кога Танасе биеше покрај голот.

Во второто полувреме, романскиот тим ја имаше првата можност преку Олару, чиj удар во 57. минута го одбрани Гаје. Шкендија продолжи со нападите и конечно во 65. минута дојде до водство – Ибрахим Алхасан погоди со глава по одлична асистенција од Цаке.

Во последната третина од мечот, тензиите пораснаа – Ќака од Шкендија и Танасе од ФЦСБ добија директни црвени картони поради груби стартови. До крајот, Шкендија имаше уште една фантастична шанса во 90. минута, кога Тарновану со три последователни одбрани спречи втор погодок.

Реваншот се игра за седум дена во Букурешт, каде Шкендија ќе се обиде да го комплетира историскиот успех.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови