
Македонскиот прволигаш Шкендија ги соопшти структурните промени во раководството во однос на внатрешната реорганизација со цел да се постигнат целите за наредниот период. Нов претседател на клубот е професорот д-р Замир Дика. Универзитетскиот професор доаѓа на чело на клубот по неговиот претходен академски ангажман, каде, меѓудругото, беше и ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Спортски директор на клубот ќе биде Харун Иса. Новиот спортски директор на Шкендија е познато фудбалско име во земјава и странство, поранешен фудбалер со богата интернационална кариера.
„Неговото искуство во Бундес-лигата со клубот Херта, а подоцна и Тенис Борусија, Ауе, Унион Берлин и Оснабрик, како и претходно со Херта Зелендорф се очекува да биде ставено во служба на Шкендија и во следните години тој има за цел да изгради тим кој ќе продолжи со успех не само на домашна, туку и на меѓународната сцена. Најблискиот тим на Харун Иса во спортското одделение го сочинуваат поранешните фудбалери на Шкендија, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи“, велат од Шкендија.
Делот на администрацијата, односно финансиското и административното раководство на клубот ќе го води Љуљзим Имери, кој доаѓа во клубот по претходни искуства кои го прават одличен познавач на овој сегмент од работењето на клубот.
Валдрин Илази ќе биде член на управниот одбор на клубот, а Дритан Муслиу ќе се занимава со организација на логистичкиот дел, задача која успешно ја извршува со години откако Еколог го спонзорира клубот. Ерблир Лума ја продолжува својата посветеност како организациски секретар и одговорен за административните прашања на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
