Агенцијата за млади и спорт ги објави ваучерите што фудбалските клубови ги имаат за користење за 2021 година. Најголем ваучер има Шкендија (10.800.000 денари – околу 175.000 евра), потоа следи Шкупи (10.000.000 денари – околу 160.000 евра), треторангирана е Ренова (9.500.000 денари – околу 150.000 евра). Потоа се и Академија Пандев, Македонија ЃП, Вардар, Работнички, Пелистер, Силекс, Струга Трим Лум…
Од второлигашите, најголеми ваучери имаат Брегалница (2.800.000 денари – околу 45.000 евра), Скопје (2.700.000 денари – околу 43.000 евра), а од женските фудбалски клубови ЖФК Скопје 2014 (2.000.000 денари – околу 32.000 евра).
Согласно ранг листите и бодовите доставени од страна на националните спортски федерации, Агенцијата за млади и спорт ги објави на својата веб страна Листите за користење на даночно ослободување (Ваучери во спортот) за 2021 година за национални спортски федерации, спортски клубови, активни спортисти и други правни субјекти кои имаат Решение за вршење дејност спорт. Сите податоци за ваучерите можете да ги погледнете на следниот линк
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими се засили и со Фатјон Јусуфи













