Шкендија славеше минимален триумф од 0-1 против Работнички во одложениот натпревар од 4.коло во Прва МФЛ што се одигра на стадионот на ФФМ. Стрелец на победничкиот гол беше Фабрис Тамба во 67.минута од натпреварот.
Во првото полувреме немаше сериозни можности. Алхасан се закани со удар од далечина, но не беше прецизен. Далеј ја имаше најдобрата позиција кај Работнички, но неговиот обид беше блокиран.

На почетокот на вториот дел, Шкендија ја презеде иницијативата и притисна.
Во 60.минута Абега влезе во убава шанса, но не шутираше веднаш, па Мелиќи ја отстрани опасноста и исфрли во корнер.
Шкендија дојде во водство во 67.минута. Убава акција на гостите, Мазари го проигра Фабрис Тамба на десната страна во шеснаесетникот, а тој ја погоди мрежата на Работнички. Имаше долга проверка во ВАР собата, дали Мазари бил во офсајд во зачетокот на акцијата, но на крајот беше потврден погодокот на Тамба.

Три минути подоцна, Димитар Трајков имаше шанса за израмнување, шутираше силно, но Гаје одбрани рефлексно со нога.
На крајот, Шкендија ги освои трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













