
Шкендија конечно ја оствари својата најголема амбиција – да обезбеди учество во групна фаза на едно од европските натпреварувања под капата на УЕФА. Македонскиот шампион вечерва триумфираше и на реваншот против романскиот ФЦСБ во Букурешт, со што обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Тоа значи дека, без оглед на понатамошниот развој, Шкендија веќе има обезбедено најмалку учество во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.
Со ова достигнување, Шкендија ќе инкасира и рекордни приходи за еден македонски клуб од УЕФА – најмалку 5 милиони евра. Износот може дополнително да се зголеми, зависно од тоа колку далеку ќе стигне тимот оваа есен.
Во следната рунда од Лигата на шампионите, Шкендија ќе се соочи со Карабах од Азербејџан. Ако успее да го елиминира, ќе влезе во плејофот за групната фаза на ЛШ. Во случај на пораз, тетовци ќе продолжат во плејофот на Лига Европа. Ако и таму бидат елиминирани, ги очекува учество во групната фаза на Конференциската лига.
Без оглед на исходот, Шкендија обезбеди историска есен на европска сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski
