По ремито со Македонија ЃП во претходното коло, лидерот Шкендија безусловно атакува на триумф во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци пред своите навивачи денеска од 14 часот ја пречекуваат Беласица која оваа пролет ја чека тешка битка за опстанок.
На Шкендија бодовите и се неопходни како би ја задржала и предност на врвот од осум бода во однос на второпласираната Академија Пандев. Струмичани, пак, на свој терен ќе се соочат со Шкупи кој посакува изненадување на „Младост“.
„Подготвени сме за дуелот со Академија Пандев. Атмосферата во тимот е одлична па оптимистички патуваме во Струмица. Желбата е да одиграме квалитетно и да се обидеме да дојдеме до бодовите. Овој натпревар е многу значаен за нас“ – вели Фатих Исмаили.
Шкупи за денешниот натпревар нема да може да смета на Бесар Исени и Ергин Абдула.
ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
Кичево: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













