Македонскиот прволигаш Шкендија не ја продолжи соработката со Гледи Мици и Алдаир Нето, потврди клубот на официјалниот сајт. Раководството не успеало да договори понатамошна соработка со двајцата фудбалер и одлучено е да дојде до разделба. Тетовскиот клуб им се заблагодари на Мици и на Нето за придонесот во црвено-црниот дрес и им посака многу среќа во понатамошната кариера.
Мици во Шкендија стигна во 2018 година од редовите на албанскиот Скендербег, а во кариерата настапуваше и за Кукеши, Фљамуртари, Камза и Аполонија. Нето дојде во зимскиот преоден рок и забележа само два настапи. Тој во Тетово пристигна од Бангор Сити од Велс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













