Македонскиот прволигаш Шкендија се раздели со десниот бек Башким Велија. Неговиот договор истече на крајот од сезоната и тој заминува како слободен агент. На неговата позиција е доведено ново засилување, Александер Трумци, кој доаѓа од албанскиот клуб Билиш. Во првите шест месеци тој ќе игра како позајмен играч, а потоа постои опција за потпис на договор на 2,5 сезони.
Шкендија му се заблагодари на Велија за придонесот во тетовскиот клуб.
Фудбалерите на Шкендија први ги стартуваа подготовките за новата сезона, во која тимот ќе има настап и во квалификациите за Конференциската лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski