Connect with us

Шкендија сака триумф над Работнички за да ја продолжи потерата по водечките

По седмото коло, Струга ТЛ и Вардар се издвоија на табелата во однос на конкурентите, а денеска Шкендија има шанса да им се доближи на два бода. Тоа ќе се случи ако успее да забележи победа во заостантиот меч против Работнички кој е на програмата денеска од 15:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Шкендија до овој момент има два нерешени резултати и четири победи, а сега сака нов триумф за да ја продолжи потерата по водечките две екипи.

Од таборот на шампионот најавуваат дека доаѓаат во Скопје по три бода. Го ценат противникот, но подготвени се за нови три бода во првенството.

„Атмосферата во тимот е добра. Сега ни следува згуснат распоред, и секој натпревар е важен. Одиме на позитивен резултат, а позитивен резултат за Шкендија е победа. Работнички имаше криза на почетокот на првенството, а сега е во нешто подобра форма. Секој клуб кој игра против Шкендија е мотивиран и мораме да дадеме максимум. Ние мораме секој меч да го сфатиме сериозно“, вели фудбалерот на Шкендија, Анес Малиќи.

За Шкендија наскоро почнуваат и натпреварите во Лигата на Конференции, а Малиќи вели дека на прво место за тимот е домашниот шампионат.

„Шкендија игра на три фронта, но најважниот фронт е првенството, затоа што на крајот успех во домашниот шампионат потоа носи и европски натпревари. Целиот фокус е кон домашното првенство. Конкуренцијата во екипата е голема. Шкендија има 25 играчи, и се случува сега да сте во тимот, утре резерва, задутре на трибините, но секој играч е важен за клубот и верувам дека секој кој ќе се најде на терен ќе го даде максимумот за на крајот да ја одбраниме титулата и повторно да бидеме шампиони“, рече Малиќи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови