
Шкендија го пречекува тимот на Академија Пандев и се надева на нов триумф со кој би ја продолжил потерата по лидерот Струга ТЛ. Составот на Ќатип Османи ќе биде без Егзон Бејтулаи, но младиот напаѓач Дашмир Елези вели дека се подготвени за нова победа.
„Подготвени сме и физички и психички за новиот предизвик. Заслуживме победа и во Кратово, но, сепак, ремизиравме против Силекс, а сега сакаме да им се вратиме на победите“, изјави Елези.
Брегалница во Штип го пречекува Тиквеш, тоа е ривалство кое трае од периодот кога двата тима беа и во второлигашка конкуренција.
„Добро е познато дека Тиквеш има квалитетен, компактен, тим. Ние сме во добра форма, но не смее да има ниту најмало опуштање. Напротив, мора да има максимален ангажман ако сакаме да дојдеме до трите бода и против Тиквеш. Веруваме во себе, знаеме дека можеме од натпревар во натпревар секогаш подобро и со поддршка од нашите секогаш верни навивачи можеме до бодовите“, изјави дефанзивецот на Брегалница, Александар Ристевски.
Работнички на комплексот на ФФМ ќе биде домаќин на лидерот Струга ТЛ.
Стружани изминатава недела повеќе се занимаваа со судиите и анализите на мечот со Брегалница (2-2), па време е да се фокусираат и на фудбал. Работнички сака да го земе скалпот на лидерот откако покажа дека со формата оди во нагорна линија.
Победа е секогаш „опасна“ во Прилеп и се надева на нов позитивен резултат. Овојпат ќе го пречека составот на Македонија ЃП.
Вчера, во премиерниот меч од 14.коло во Првата лига, Скопје и Силекс ремизираа 0-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СКОПЈЕ – СИЛЕКС 0-0 (ВЧЕРА)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
