Connect with us

Шкендија сака да продолжи со победнички ритам – трите бода против Арсими се следна цел

Шкендија одбраната на титулата во ПМФЛ ја почна со две победи. На домашен терен најпрво го совлада составот на Шкупи со убедливи 5-1, а во второто коло на гостувањето во Ѓорче Петров ги освои бодовите благодарение на победата од 1-3.

Добрата атмосфера во тимот ја поткрена и триумфот во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа против Лудогорец од 2-1. Пред реваншот во Бугарија, Шкендија денеска на домашен терен го дочекува составот на Арсими, и важи за фаворит да дојде до третиот триумф во првите три кола.

Меѓутоа фудбалерите на Шкендија се внимателни пред пресметката со тимот кој има еден бод од првите две кола, освоен во мечот против Башкими во првото коло. Велат дека може да го издржат темпото да играат и европски натпревари и мечеви во ПМФЛ, затоа што широкиот фонд на играчи тоа им го дозволува.

„Имаме доволен фонд на играчи, како што секогаш вели нашиот тренер, и ние треба да се бориме на сите три фрона. Го имаме домашното првенство, Купот и европските натпревари. Имаме играчи за сите да имаат минутажа. Веруваме дека ќе бидеме концетрирани за позитивни резултати во домашното првенство, домашниот шампионат е најважен, затоа што токму преку ова натпреварување стигнавме до Европа и до историскиот успех со оглед дека ќе играме во групната фаза на едно натпреварување. Го почитуваме тимот на Арсими. Станува збор за добра, организирана екипа, но Шкендија влегува максимално сериозно на секој натпревар и мотивирано за нова победа“, вели Лидирон Љатифи, крилниот фудбалер на тетовскиот тим кој против Лудогорец постигна прекрасен гол од слободен удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови