Connect with us

Шкендија, Ренова и Шкупи ги дознаа можните ривали за Лигата на Европа

Трите македонски претставници во квалификациите за Лигата на Европа, Шкендија, Ренова и Шкупи ги дознаа можните ривали во пресрет на утрешниот ждреб во Нион. Шкендија е носител и би можела да игра против Ноа (Ерменија), Сумгајт (Азербејџан), Петрокуб (Молдавија) или против Локомотив Тбилиси (Грузија).
Ренова е меѓу неносителите и се соочува со можност да игра против Макаби Хаифа (Израел), Аполон (Кипар) или Алашкерт (Ерменија). Шкупи исто така е меѓу неносителите и можни негови ривали се Кешла (Азербејџан), Нефчи Баку (Азербејџан) и Хапоел Бер Шева (Израел).

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови