
По минималната победа над Аргеш Питешти (1-0) и високиот пораз од Копер (0-4), македонскиот шампион Шкендија го затвори својот престој во Словенија со нерешен резултат – 1:1 против бугарскиот гигант ЦСКА Софија, во третиот и последен контролен натпревар.
Дуелот започна со рамноправна игра на двете страни, а првата сериозна шанса ја имаше Шкендија уште во седмата минута, најавувајќи борбен натпревар. До крајот на полувремето и двете екипи создадоа неколку опасни ситуации, но мрежите мируваа.
Во вториот дел, ЦСКА го засили темпото и по околу еден час игра ја искористи една грешка во одбраната на тетовскиот тим. Иванов се најде на вистинското место и без проблем ја смести топката во празната мрежа, носејќи водство за Бугарите од 1-0.
Шкендија не се предаде. Тимот од Тетово го засили притисокот, а наградата стигна во 86. минута кога Красниќи со вистински еврогол од далечина ја погоди левата страна од голот за израмнување и поставување на конечните 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри
